Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ЗА НОВА ГОДИНА?“: Вреди по одземањето на пасошот на Мерко - ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, ќе следат други

„НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ЗА НОВА ГОДИНА?“: Вреди по одземањето на пасошот на Мерко - ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, ќе следат други

Најновите случувања поврзани со новото обвинение за Рамиз Мерко, но и постапката против некогашнио вицепремиер Артан Груби, се повод за реакција од сега владејачката албанска коалиција „Вреди“. 

Од таму укажуваат дека „ДУИ нон грата се урива како кула од карти!“. 

- Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата. Артан побегна, Прпарим исчезна, Мерко нема пасош, а ќелиите се дезинфицираат за да ги пречекаат сите!

Најдобриот подарок за Нова Година? Голем катанец за затворање на седиштето на партијата која ја врати корупцијата во систем. ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ. Но, нивниот крај започна, нивните бегства се само доказ дека никој не бега од правдата! - пишува во соопштението на коалицијата. 

Додаваат дека струшкиот градоначаник „Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како “кралот“ на Струга, денес се соочува со своите злодела'. 

Потоа укажаа и дека Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. 

- Граѓаните избраа промени и ВЛЕН носи правда!

ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, а ќе следат други. Доста е! Струга, Тетово и сите Албанци чувствуваат мирис на промени. Мерко веќе подготвува два бесплатни кревети во ќелијата, еден за Груби и еден за Бајрами - пишува во соопштението на „Вреди“. 

Слично

Поврзани вести