НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил
Еминентната неонатолог и универзитетска професорка д-р Аспазија Софијанова, препознатлива по својата бескомпромисна посветеност во борбата за животите на најмалите пациенти, новороденчињата, зеде активно учество на Четвртиот меѓународен конгрес за превентивна педијатрија, што се одржа во Црна Гора.
На конгресот, проф. Софијанова имаше свое официјално обраќање како претставник на Балканските педијатриски здруженија, при што говореше за значењето на регионалната соработка, размена на искуства и креирање заеднички пристапи за унапредување на педијатриската грижа.
На својот профил на социјалните мрежи таа сподели фотографии од настанот, кои привлекоа внимание не само поради нејзиниот ангажман, туку и поради препознатливиот стил и енергија со кои секогаш зрачи – и како лекар, и како жена со визија.

