(ФОТО) НАЈДИ ГО СЕМАФОРОТ: Густата вегетација го покри семафорот на мостот „Беласица“
Густата вегетација го пкри семафорот на мостот „Беласица“ во правец кон општина Аеродром. Мостот е покриен од дрвјата и воопшто не се гледа додека целосно не се приближите до него.
Возачите велат дека ова е сериозен проблем во услови кога е активен „Безбеден град“ и кога секоја секунда е важна, посебно при промена на регулирањето од зелена кон црвена боја.
Се чека момент кога надлежните ќе забележат дека семафорот е покриен и ќе преземат мерки за кастрење на гранките на дрвото.

Слично
