Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдено привремено сместување за семејството Стефановски

Најдено привремено сместување за семејството Стефановски

Семејството Стефановски ќе добие можност привремено да се смести во интернатот „Професор Мијалковиќ“ откако нивниот дом во објект на Македонски железници во кумановското село Речица целосно изгоре.

Во соопштението на Центарот за социјални работи во Куманово се наведува дека претставници на јавната установа веднаш по добиеното сознание го посетиле опожарениот дом на семејството Стефановски, извршиле увид и презеле активности за помош и поддршка.

– Во соработка со Интернатот „Професор Мијалковиќ“ понудено е интервентно сместување на самохраниот родител, неговата вонбрачна сопруга и неговото дете, лице со посебни потреби над 26 годишна возраст. Согласно законските можности на Момчило му се дадени совети како невработено лице да поднесе барање за добивање на социјална парична помош, како и еднократна парична помош. Семејството користи додаток за нега од трето лице за неговиот син кој е лице со посебни потреби, се наведува во соопштението од Центарот за вработување Куманово.


Слично

Поврзани вести