Најдено е телото и на вториот косовски полицаец
Во водите на реката Лепенец, попладнево, е пронајдено телото и на вториот косовски полицаец, Арменд Трена.
Телото е пронајдено попладнево на шест километри од местото на несреќата.
Претходно, телото на полицаецот Малесор Даши (26), беше пронајден на 3 мај на пет километри од местото на несреќата.
Двајцата полицајци Арменд Трена (23) и Малсор Даши (26), беа од Полициската станица од Качаник. Се водеа како исчезнати откако вечерта на 28 април околу 21 часот, службеното возило од непознати причини излетало од патот во амбис длабок 150 метри и завршило во реката.
По барање на косовските власти во потрагата на телата на полицајците беше вклучено и македонското Министерство за внатрешни работи по течението на реката Лепенец на македонска страна.
