Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски планирал да замине во руската престолнина Москва. 

Кај обвинетиот Палевски, при претресите се пронајдени различни папки и документи, како и комуникации на социјалните мрежи.

„На 27.11.2023 осум инстант пораки од кои една во 7:29 на турски јазик, а  останатите на 4.12.2023. Комуникација на ватсап, Фејсбук. На Фејсбук се користени девет различни профили од кои што во интерес се две комуникации остварени на 1.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил на 23.11.2023“, вели обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

Во однос на пораките ги има во периодот од 30.11.2023 до 3.12.2023 таа додаде дека е пронајдена комуникација на Вибер со лице по име Драган,  кој според комуникацијата се наоѓа во Москва, на кого обвинетиот Палевски на 1.12.2023 во порака му пишува дека на 5.12.2023 планира да стигне во Москва, па бара од него помош да го земе од аеродром.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Исчезнувањето на девојчето го потресе целиот регион. 

Слично

Поврзани вести