Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдени пари при претрес во домот и канцеларијата на директорот на неврохирургија

Најдени пари при претрес во домот и канцеларијата на директорот на неврохирургија

По информативниот разговор со првиот човек на неврохирургија, Aлександар Чапаровски, според неофицијални информации извршен  е претрес во неговиот дом и неговата канцеларија, по што се пронајдени 30.000 евра – велат извори од МВР за ТВ 24, пишува овој медиум.

Оттаму за Телевизијата додаваат дека се пронајдени уште 1.000 евра во канцеларијата и најверојатно станува збор за митото кое Чапаровски го побарал од таткото на 14 - годишното дете , кое требало да замине на лекување во странство, и за кое според родителите било побарано  од родителите неколку илјади евра мито за упат и стручно мислење. 

Истрагата се уште трае.

Слично

Поврзани вести