Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДЕН ПОЧИНАТ МАЖ ВО КОЧАНИ: Ќе се проверува дали имало присуство на коронавирус

НАЈДЕН ПОЧИНАТ МАЖ ВО КОЧАНИ: Ќе се проверува дали имало присуство на коронавирус

Пронајден e мртов маж во Кочани, a се испитуваат причините за смртта.

Станува збор за маж на возраст од педесетина години.

Тој претпладнево е пронајден мртов во неговиот дом во Ромското Маало. 

Починатиот живеел сам, а случајот во полиција го пријавиле соседите.

На лице место пристигнале полициски и медицински екипи, а за случајот е известено и Основното јавно обвинителство. 

Констатирано е дека врз телото нема траги на насилство, а човекот претходно имал и срцеви проблеми.

Се очекува да се земе брис за утврдување на присуство на коронавирусот.

Денеска беше соопштено за нови 68 инфицирани со коронавирусот  во Македонија..

Од нив во Кочани има 1 нов случај.

Со овој последен дијагностициран, Кочани има вкупно 21 позитивен на Ковид 19.

Во земјата има 828 потврдени случаи, а најголем дел од заболените имаат над 50 години.

Вчера беше соопштено за инфицирано двегодишно дете од Кочани.

Слично

Поврзани вести