НАЈДЕБЕЛИОТ КРАЈ ГО ИЗВЛЕКОЛ ВОЗАЧОТ НА ФОЛКСВАГЕНОТ - МВР со детли за несреќата во која се преврте Брза помош
МВР излезе со детали за сообраќајката во која се преврте возило на брза помош.
Возилот било од Куманово, со кумановски таблици и управувано од млад кумановец, а се чини дека најлошо поминал фозачот на фолксвагенот кој се судрил со возилото.
Еве што напишаа МВР во соопштението до јавноста.
„На 21.04.2023 во 23.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во соопштението.
Фото: Принтскрин видео Скопјеинфо
