НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДА ПРОШЕТА: Еве каде премиерот го искористи слободното време во САД
Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави селфи со кое истакна дека по работните средби, на ден пред да се врати во Македонија, успеал да најде време и да прошета.
„После Вашингтон и Њујорк, десетици средби со луѓе од најблискиот периметар на Претседателот Трамп и нашата, македонска дијаспора, пред тргнување за Македонија малку слободно време и прошетка по омилената патека.
Од Magnolia Bakery и West Village преку Soho и Tribeca до Ground Zero! Продолжуваме утре со Борче во Петровец. Македонија ќе биде повторно горда и ваша. Се гледаме во Петровец!“, напиша вчера тој на фејсбук.
Слично
