Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА ЗА СТОЈАН АНДОВ: Секоја средба со него беше интересна иако не се согласувавме за многу работи

НАЈЧЕВСКА ЗА СТОЈАН АНДОВ: Секоја средба со него беше интересна иако не се согласувавме за многу работи

Почина поранешниот собраниски спикер Стојан Андов, а професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук напиша дека тој бил уникатен лик во политиката. 

Вели дека секоја средба со него била интересна, иако не секогаш се согласувале. 


На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Тој е роден во Кавадарци во 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Слично

Поврзани вести