Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска за маршевите: Доста бре исфрустрирани што сакате да бидете водачи на бели коњи

Најчевска за маршевите: Доста бре исфрустрирани што сакате да бидете водачи на бели коњи

Не знаат ли што да прават па маршираат, сакаат ли да бидат невладини организации, напиша на својот фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска, за најавениот денешен марш на ВМРО-ДПМНЕ за правда, кој следува откако истото тоа минатата недела го направија и од СДСМ.

„Ахахахаха. Ма добро бре, сите политички партии сакаат да бидат невладини организации? Не знаат што да прават па маршираат? Или само дигаат прашина за да не се види дека всушност не ни сакаат никаква промена која на било кој начин може да ја загрози неказнивоста на секој оној кој ќе дојде на власт“, пишува професорката.

Според неа, правдата не се обезбедува со маршеви на политичките партии туку со ветинг во правосудството, со независно судство и јавно обвинителство, со моќни контролни механизми кои не се заробени од политичките партии и со повисоки казни за функционерите.

„Правдата се обезбедува со закони кои го штитат јавниот интереси и индивидуалните права на граѓаните, а не со закони кои треба да обезбедат овековекување на владеењето на партиските челници.

Доста бре од исфрустрирани индивидуи кои сакаат да бидат водачи на бели коњи кои маршираат на чело на колоната, дајте нормални луѓе кои со својата секојдневна работа ќе обезбедат развој на заедницата и излез од стапицата на авторитарноста“, повика Најчевска.

Слично

Поврзани вести