Најчевска: За Јанева казната требаше да биде поголема во однос на таа на Јовановски
Професорката Мирјана Најчевска во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека може да зборуваме за конечен резултат, доколку е докажана вината. Вели дека екс обвинителката Катица Јанева требало да добие многу поголема казна од шоуменот Бојан Јовановски.
„За мене најпроблематичнен е соодност на казните на Катица Јанева и Бојан Јовановски. Тој е обичен граѓанин, а Катица Јанева е човек кој бил поставен на клучна и моќна позициија во одбрана на правото. Таа не требало да го прекршува правото, од неа се очекувало да го спроведува правото и да не подлегне на искушенијата. И казната за неа требаше да биде различна. За Јанева казната требаше да биде поголема во однос на таа на Јовановски, зошто треба да се испрати порака до сите правододаватели дека грешките скапо се плаќаат“, вели Најчевска.
Јанева во „Рекет“ доби 7, а Јовановски казна затвор од 9 години.Обвинителката Вилма Рускоска, застапникот на случајот „Рекет“, ќе поднесе жалба како незадоволна од пресудата од 9 години затворска казна за Бојан Јовановски и 7 години казна за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
