Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска за апанажата на Груевски: Ја прекадашивте

Најчевска за апанажата на Груевски: Ја прекадашивте

Лавина од коментари по одлуката на собранието поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ да има право на апанажа.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи вели дека ова не може да е случајно, туку е намерно и смислено и мора да биде казнето.

„На сите криминали кои ги направил ќе одржиш фарса судење на кое ќе го осудиш за најминорното нешто.
Потоа ќе му овозможиш па и помогнеш да побегне надвор од државата.
Потот ќе направиш фарса као ние го бараме и сакаме да се врати.
Па нема да го разрешиш од пратеничката функција по силата на законот туку ќе му исплаќаш плата.Па ќе направиш фарса дека ќе го разрешуваш конечно.
Па ќе му дошепнеш да прати оставка.
Па нешто ќе се чаталиш по медиуми дека треба лично да дојде.
Па ќе му ја усвоиш оставката и ќе му исплаќаш апанажа на осудениот и побегнат криминалец.
Не ова не може да е случајно.
Ова е намерно и смислено и ова мора да биде казнето.
И казната ќе стигне бидете сигурни.
Ја прекрдашивте.
А таа службата груевистичка која ви рекла дека е според закон и деловник одамна требаше да ја расчистите.“ - пишува Најчевска на Фејсбук.

Имено, според собранискиот деловник, пратеник кој ја извршувал оваа функција повеќе од 24 месеци, има право да побара апанажа за една година.

Слично

Поврзани вести