Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА: Време е Артан Груби да си поднесе оставка, не смееме да се задоволиме само со казна за неносење маски

НАЈЧЕВСКА: Време е Артан Груби да си поднесе оставка, не смееме да се задоволиме само со казна за неносење маски

Професорката Мирјана Најчевска бара оставка од првиот вицепремиер Артан Груби. Таа смета дека ние како граѓани не смееме да се задоволиме со некоја, како што вели, бесмислена казна за неносење маски.
„Мислам дека е време Артан Груби да поднесе оставка на функцијата министер. Не смее да се задоволиме само со некоја бесмислена казна за неносење маски.

Позицијата носи права и одговорности. Правата ги видовме. Време е да ја видиме и одговорноста“, напиша професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил.

Ова следува откако 15 високи функционери на ДУИ му организираа приватна прослава на роденденот на својот лидер Али Ахмети, а за скандалот да биде поголем, се сликаа без маски во време на пандемија.

Инаку, Груби денеска изјави дека жали што во оваа институција не биле на висината на задачата да се сочува јавното здравје.

„Затоа преземаме целосна одговорност, подготвени сме да ги сносиме последиците и да ги почитуваме одлуките. Ги повикуваме надлежните институции да изречат мерки, кои ќе ги испочитуваме како и секој граѓанин“, изјави вицепремиерот Груби за медиумите.

Слично

Поврзани вести