Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска вели на пазар дознала дека е член на Советот за реформи во правосудството

Најчевска вели на пазар дознала дека е член на Советот за реформи во правосудството

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на Топ тема на Телма изјави дека членовите на Советот за реформи во правосудството не знаат која е нивната улога, колкав е нивниот мандат или само се ангажирани за да одговорат на барањата на Владата. 

„На пазар дознав дека сум член на Советот за реформи во правосудството. После објавувањето, никој не нѐ контактираше. Им пишав на сите одговорни да се закаже состанок и на крај се заканив дека ќе излезам во медиум дека името ми е ставено во Советот, а дека не се свикува состанок. После половина час беше закажан состанок“- рече Најчевска.

Таа не смета дека намерите на Владата се лоши, туку дека се зафатила за многу области да ги реши и не може сите работи да ги исполни. 

Слично

Поврзани вести