Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

По однос на заклетвата која ја даде Гордана Силјановска Давкова, а во која не го употреби името Северна Македонија, туку само Македонија, се огласи и професорката Мирјана Најчевска.

„Јас лично мислам дека Гордана Силјановска го нема прекршено договорот од Преспа.

Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името Северна Македонија.

Во тој момент таа се уште потпаѓа под членот 7 и во ниту еден момент не го прекршува овој член.

Од моментот на инаугурацијата па натаму таа мора да го употребува официјалното име.“, напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести