НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА ИМА ИЗЛЕЗ: „Само ако граѓаните сакаат да излезат од затворениот круг“
Професорката Мирјана Најчевска, се огласи на својот фејсбук профил за тоа што добил македонскиот народ од десетгодишната власт од ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ и седумгодишната власт на СДСМ со ДУИ.
„По десет години власт на ВМРОДПМНЕ со ДУИ добивме заробена држава, неказнивост на криминалот на високи функционери, непрофесионална администрација, корумпирано судство, слабо образование, никакво здравство, загадена животна средина, испокраден заеднички имот, поткупени медиуми ...
По седум години владеење на СДСМ со ДУИ добивме заробена држава, неказнивост на криминалот на високи функционери, непрофесионална администрација, корумпирано судство, слабо образование, никакво здравство, загадена животна средина, испокраден заеднички имот, поткупени медиуми ...
Има излез.
Само ако граѓаните сакаат да излезат од затворениот круг.„ напиша таа.
