Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Уставен суд да реагира за интернет страницата на Силјановска Давкова

Најчевска: Уставен суд да реагира за интернет страницата на Силјановска Давкова

Експертот за човекови права, Мирјана Најчевска, го повика УСтавниот суд да реагира на потегот на кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова да го отстрани уставното име од интернет страницата на институцијата.

„Мислам дека Уставниот суд треба да ја повика на одговорност Гордана Силјановска затоа што со отстранување на името на државата од официјалната страна на претседателот (https://pretsedatel.mk/) таа делува спротивно на надлежностите на претседателот на Македонија дефинирани во Уставот“, реагира Најчевска

Претходно, министерот за правда во заминување Кренар Лога реагираше за истата ситуација.

„Имавме денови кога не бевме признати како држава од други држави, дури ни од соседите; не ни беше признат јазикот, црквата, историјата. Но, го дочекавме денот кога претседателот не ја признава сопствената држава“, искоментира министерот.


Слично

Поврзани вести