Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Според ова што можам да го видам основна пречка за влегување во ЕУ е исламофобијата

Најчевска: Според ова што можам да го видам основна пречка за влегување во ЕУ е исламофобијата

Професорката Мирјана Најчевска денеска ја коментира одлуката од вчера за старт на преговори на Европската Унија (ЕУ) со Украина и Молдавија, додека земјава остана во чекалната. 

„Според ова што можам да го видам основна пречка за влегување во ЕУ е исламофобијата. Нашиве етнички Албанци нека не се пенават со внесување на Бугарите во Уставот. Тоа е мачкање очи. Погледнете, дали има една држава во ЕУ во која има значајно автохтоно муслиманско население“, пишува Најчевска. 


Најчевска претходно го коментираше и ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан во однос на Украина и нејзиниот почеток на преговори со ЕУ. Наведува дека ЕУ државите не ја сакаат Македонија во своите редови и дозволуваат поставување на бесмислени услови само како изговор верувајки дека ниту една држава нема толку да се понижи за да ги исполни овие услови.

Грузија доби статус кандидат, а Босна и Херцеговина (БиХ) уште не почна преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести