Најчевска: Со вакви пропагандни видеа, значи дека мора да се прикрие голем дел од реалноста
Професорката Мирјана Најчевска, која важи за редовен критичар на актуелната власт, но и на оние кои не се на власт.
Овој пат Најчевска се осврна на камањата со која актуелните владејачки претставници сакаат да ги придобијат гласовите на граѓаните и на следните избори.
Но, како што вели Најчевска, партија која 8 години е на власт, и прави вакви видеа, крие голем дел од реалноста во која граѓаните живеат.
- Кога некоја партија која била на власт 8 години прави вакви пропагандни видеа, значи дека мора да прикрие голем дел од реалноста во која живеат граѓаните.
Граѓаните на Македонија треба и можат да имаат добар живот, европски вредности, демократски институции и владеење на правото соодветни на 21 век сега, а не да веруваат во некоја европска иднина - пишува Најчевска на „Фејсбук“.
Еве го нејзиниот пост:
