Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА СО ПРЕДЛОГ КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ: Пари има, само треба да се распоредат

НАЈЧЕВСКА СО ПРЕДЛОГ КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ: Пари има, само треба да се распоредат

Професорката Мирјана Најчевска деновиве честопати се осврна на темата пензии. Таа нескриено ја поддржува идејата за зголемување на примањата на пензионерите, а во својот последен пост дури и даде свое видување од каде може да се пронајдат средства во буџетот за да им се зголемат пензиите на пензионерите, особено помалите пензии. 

- Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милјарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.

Или, пари има, само треба да се распоредат.

Така? - напиша Најчевска на Фејсбку, а нејзиниот пост може да го видите и сами: 


Нејзиниот пост предизвика бројни реакции меѓу граѓаните, од кои најголем дел се сложуваат со ставот дека потребна е само прераспределба која ќе води кон подобро планирање на парите во буџетот и поголеми пензии за граѓаните кои се залагале и работеле во државата и во нејзиното издигнување. 


Слично

Поврзани вести