НАЈЧЕВСКА СО ОСТАР ТОН: „Од вакви големи бели птици не можеме да мрднеме на скалилата на цивилизацискиот развој “
Професорката Мирјана Најчевска деновиве со жестоки критики за „инаетот“ на Владата и функционерите околу барањата на пензионерите за зголемување на нивните примања.
Таа со нов осврт овој пат и се обрати на Министерката за труд и социјална политики, Јованка Тренчевска, која според професорката е меѓу луѓето кои придонесуваат да не може да се напредува.
- Министеркава за труд и социјална политика е еден од тие интелектуални бисери на владата на Ковачевски.
Еве сега ја слушам ни вели не било нормално пензионери со пензии од 30000-40000 денари да излегуваат на протести.
Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка.
Јас излегував да демонстрирам со лицата со попреченост, со припадниците на ЛГБТ заедницата, со сексуалните работнички, со наставниците, со текстилците, со заштитниците на природата, со социјалците, со жртвите на извршителите, со полицајците, со лекарите, ...
Ете од вакви големи бели птици не можеме да мрднеме на скалилата на цивилизацискиот развој - напиша Најчевска на својот Фејсбук профил.
Нејзиниот пост во продолжение:
