Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА: Следно што ќе биде - ќе се бара ли да се укинат пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со македонското малцинство

НАЈЧЕВСКА: Следно што ќе биде - ќе се бара ли да се укинат пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со македонското малцинство

Дали следно што ќе биде е барање од Бугарија да се укинат пресудите на Европскиот суд за човекови права против таа држава во врска со македонското малцинство, прашува професорката Мирјана Најчевска.

„Следно што ќе биде? Ќе побараме да се укинат пресудите на Европскиот суд за човекови права против Бугарија во врска со македонското малцинство затоа што е тоа мешање во внатрешните работи на Бугарија?

Реципроцитетот токму заради тоа и постои. Затоа што во некоја држава на внатрешен план некое прашање не е уредено на начин кој ги задоволува барањата на другата страна“, пишува професорката на својот фејсбук профил.

Ова следува откако стана јасно дека Самитот за Западен Балкан во Словенија не само што не донесе ништо ново за почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија, туку постави и нови услови. Бугарија бара да се потпише нов Протокол во кој се поставени 5+1 точки, во кој едно од барањата се и внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, но и како што истакна бугарскиот претседател Румен Радев, за историската вистина, што ќе значи откажување на македонската историја. 

На ова, премиерот Зоран Заев одговори дека историјата нема да се менува.

„Апсолутно никој ниту бара ниту треба ниту тоа се дискутира за промена на историјата или слично. Историјата е факт кој што е непобитен. Петте точки плус една, една се смета на нивното очекување во периодот пред нас, односно на очекувањето на Република Бугарија во периодот пред нас да и Бугарите како етничка заедница бидат номинирани во нашиот устав односно споменати во нашиот устав“, посочи македонскиот премиер Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести