Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Сите надлежни и денеска ќе молчеа за убивањето пациенти ако не беа притиснати од медиумите

Најчевска: Сите надлежни и денеска ќе молчеа за убивањето пациенти ако не беа притиснати од медиумите

Големата бура која се крена по покренувањето на истрага на клиниката за Онкологија, поврзана со медимските написи за крадење лекови од паценити кои требало да се лекуваат на клиниката и да добијат хемотерапија, а наместо лек, добивале разредени дози или само физиолошки раствор, ги испровоцира сите со свои реакции. 

Дури и луѓе од медицинската фела со одбивност коментираа за големиот злочин направен на оваа клиника. 

На темата вчера се огласија актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити, но и сегашната директорка на клиниката, Виолета Клисаровска, кои укажаа дека не треба да се стигматизираат сите вработени во клиниката и побараа побрзо расчистување на случајот, за да биде вистинскиот виновник изнесен пред судските органи и да се поврати довербата на граѓаните во здравството. 

Но, особено загрижува укажувањето на професорката Мирјана Најчевска, која предупреди преку социјалните мрежи дека можеби надлежните воопшто немаше да се огласат и да реагираат ако не се објавеше за оваа разработена шема на клиниката, од страна на медиумите. 

- Органите на прогонот и Владата и сите надлежни и ден денеска ќе си молчеа за убивањето пациенти доколку не беа притиснати од медиумите - напиша Најчевска на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести