НАЈЧЕВСКА СЕ ФАТИ ЗА БИЛБОРДИТЕ: Еден кошта меѓу 1.000 и 1.500 евра месечно и е глупост од епски размери
Професорката Мирјана Најчевска реагираше за тоа што власта на билборди објавува што досега направила.
„Низ Македонија има стотици вакви билборди со кои власта се фали самата себе.
Ај што е ова израз на глупост од епски размери.
Ај што е примитивно и бесмислено.
Ај што нема врска со надлежностите на државата.
Меѓутоа доколку се парите земени од буџетот на државата претставува и кривично дело.
Еден билборд кошта меѓу 1000 и 1500 евра месечно. Доколку се овие пари земени од буџетот на државата тогаш тој кој што ги одобрил треба да одговара согласно членот 353 од Кривичниот законик, Злоупотреба на службена должност (нанесување материјачна штета на буџетот на државата со несоодветна употреба на средствата за кои е задолжен)“, напиша таа на фејсбук.
