Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА: Се додека судија не биде разрешен и не добие збрана за вршење дејност, ќе ни доаѓаат од преку барата да не учат што е право

НАЈЧЕВСКА: Се додека судија не биде разрешен и не добие збрана за вршење дејност, ќе ни доаѓаат од преку барата да не учат што е право

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира откако во јавноста излегоа медиумски информации дека Енвер Беџети, известителот за пресудата на Мијалков, девет месеци ја чувал одлуката во фиока, но е најсериозен кандидат за нов врховен судија.

Оваа информација ја објави телевизијата Телма повикуваќи се на свои извори од судството.

Најчевска смета дека кај нас судиите мора да сносат одговорност, а за своите неисправни одлуки, треба да добијат забрана за вршење на својата дејност.

„Па се додека судија не биде разрешен и осуден и не добие забрана за вршење на било каква дејност поврзана со правото ќе ни доаѓаат од преку барата да не учат што е право, а што е неправо и како на недоветни да ни држат лекции“, пишува Најчевска на својот профил, споделувајќи ја објавата на Телма.

Инакуку, како што пишува Телма, во петчлениот совет во Апелација, со кој претседавал Јани Нича, судијата Енвер Беџети бил известител кој со месеци ја одолговлекувал пресудата за „Тврдина таргет“ и масовното прислушување.

Јавната расправа за случајот е одржана во март, а судијата известител е должен во рок од 60 дена да ја подготви пресудата и да ја даде на верификација кај останатите членови на советот. Но, наместо два месеца, одлуката била криена девет месеци до почетокот на декември. На рочиштето, четворица судии гласале „за“, судијката Тања Милева имала издвоено мислење за одлуката, брифираат за Телма судски извори.

Судијата известител, Енвер Беџети е единствен кој може да иницира рочиште за предметот „Тврдина таргет“ и од него зависи текот и брзината на постапката. Инаку, Беџети во судските кулоари се смета за најсериозен кандидат за унапредување во Врховниот суд. Синот на судијата известител, Енвер Беџети, пак е на Академијата за судии и обвинители и е пред завршување и избор за нов судија.

Слично

Поврзани вести