Најчевска: „Престанете да ги обвинувате децата – тие се одраз на општеството“
Професорката Мирјана Најчевска реагираше на јавните обвинувања кон децата по последниот инцидент во Ѓорче Петров, порачувајќи дека одговорноста не треба да се префрла исклучиво врз нив.
- -Престанете да ги обвинувате децата. Тие се слика на своите родители, слика на политичарите, слика на вредносниот систем кој се промовира во општеството – напиша Најчевска.
Таа нагласува дека однесувањето на децата е директен одраз на примерите што ги гледаат во секојдневието.
- -Ако детето види дека неговиот родител чита – тоа ќе чита. Ако види дека фрла ѓубре – ќе фрла ѓубре. Ако види понижување и дискриминација – ќе го повторува истото – наведува професорката.
Во својата објава, Најчевска посочува и на поширокиот општествен контекст, истакнувајќи дека вредностите што се промовираат имаат клучно влијание врз младите.
- -Ако се цени незаслужен успех, измами и крадење – децата ќе го следат тој модел – предупредува таа.
На крајот, професорката испраќа порака дека одговорноста е колективна.
- -Какви родители – такви деца. Какви политичари – такви деца. Какви наставници – такви деца – заклучува Најчевска.
Слично
