Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА ПОВТОРНО РАСПАЛИ: Со остар тон ги критикува македонските политичари, но граѓаните кои ги бираат на избори

НАЈЧЕВСКА ПОВТОРНО РАСПАЛИ: Со остар тон ги критикува македонските политичари, но граѓаните кои ги бираат на избори

Професорката Мирјана Најчевска со остар тон кон поранешни и сегашни лица кои се на различни раководни функции во земјава. 

Таа посочува дека покрај корумпираноста на нашите раководители, истите се неподобни за извршување функции, но ние повторно ги бираме.

- Коце Трајановски не смееше да биде градоначалник на Скопје, не заради тоа што беше корумпиран и лаком, туку затоа што беше глуп.

Ковачевски не смееше да биде премиер на Македонија. Не затоа што е корумпиран и лаком, туку затоа што нема интелектуален капацитет да биде претседател на куќен совет.

Груевски не смееше да биде премиер на Македонија. Не затоа што беше корумпиран и лаком, туку затоа што беше кецарош.

Иванов не смееше да биде претседател на Македонија. Не затоа шрто беше корумпиран и лаком туку затоа што беше со интелигенција на ниво на собна температура.

Катица Јанева не смееше да биде специјален јавен обвинител. Не затоа што беше лакома и корумпирана туку затоа што беше ептен добра за одгледување чушки и требаше да се занимава со тоа.

Не е проблемот во Македонија тоа што на високи функции доаѓаат лакоми и корумпирани луѓе, туку што ги избираме најглупите.

Џабир, ќе застанеш сега во одбрана на Македонските властодржци со оглед на тоа дека на листата не ставив ниту еден етнички Албанец?

Или ќе се возбудиш следниот пат кога ќе ги набројам етничките Албанци со интелектуална попреченост кои се наоѓаат на високи позиции во власта? - напиша Најчевска на Фејсбук.


Нејзиниот пост не ги остави рамнодушни граѓаните кои масовно коментираа на објавата. 


Слично

Поврзани вести