НАЈЧЕВСКА: По кој основ Џафери се шета по светот, лажно се претставува и ги троши парите на граѓаните?
Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук повторно го коментира техничкиот премиер Талат Џафери.
„Според 43 од законот: Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија ќе избере преодна Влада ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ. Значи тоа не е вистински премиер туку наменска функција измислена во период на рушење на еден режим која вештачки се одржува исто како и Охридскиот рамковен договор. По кој основ Џафери се шета по светот, лажно се претставува и ги троши парите на граѓаните“, пишува Најчевска.

Џафери ја почна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција.
Слично
