Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Oсуден криминалец треба да го молиме да дојде на отслужување на казната затвор?

Најчевска: Oсуден криминалец треба да го молиме да дојде на отслужување на казната затвор?

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук го искоментира фактот дека екс премиерот, Никола Груевски не се појавил во затворот Шутка. 

Вели дека е глупост да се чека до понеделник. 

„Која е оваа глупост да се чека до понеделник. Кое измотавање. Луѓе осомничени за кривични дела ги заловуваа специјалци и со лисици ги спроведуваа во притвор, а осуден криминалец треба да го молиме да дојде на отслужување на казната затвор? 

Па уште во викенд не работеле службите. Ма ајде бре не не правете будали на здрав мозок. Што е, во викенд не се притвораат луѓе? Во викенд нема судии? Или во викенд може да се прават кривични дела? Во Законот за извршување на санкциите станува збор за итна постапка и се употребува зборот веднаш и е предвидено користење на силите на МВР. Зошто не се спроведува законот во овој случај? И многу ме интересира, ако побегне надвор од државата Груевски и понатаму ќе биде пратеник? И по пошта ќе му ја праќаме платата?“, пишува Најчевска. 


Медумите синоќа го чекаа Груевски да се појави во затворот, но тоа не се случи, ниту ноќеска ниту утрово. Денеска Груевски не дошол на Комисија за уставни измени. 

За „Тенк“, Груевски треба да одлежи две години затвор. 

Слично

Поврзани вести