Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА: НЕЗАПАМТЕН ДИЛЕНТАНТИЗАМ - Професорката со остра критика на постапките на амбасадорката Агелер

НАЈЧЕВСКА: НЕЗАПАМТЕН ДИЛЕНТАНТИЗАМ - Професорката со остра критика на постапките на амбасадорката Агелер

Професорката Мирјана Најчевска деновиве отворено го критикува договорот за изградба на автопатишатата по коридорите 8 и 10д, а во последните постови се осврнува и на коментарите на амбасадорката Анџела Агелер од Соединетите Американски држави, која пак, отворено ја поддржува компанијата „Бехтел и Енка“. 

Најчевска во последната објава на „Фејсбук“ укажува дека амбасадорката ги прекршува правилата на дипломатско однесување, и се однесува како адвокат на компанијата, но и и ги девалвира институциите во Македонија, земјата каде е амбасадорка. 

Постот на Најчевска ви го пренесуваме во целост: 

- Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување.

Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.

Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).

Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.

Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази.

Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.

Незапамтен дилетантизам.

Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори - напиша Најевска на Фејсбук. 


Нејзината објава предизвика и коментари кои беа во слична насока како и нејзиниот пост. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести