Најчевска не ја поштеди власта која ја казнува за шарањето од времето на Шарена револуција
„Симболиката беше јасна: ја шараме државата заради тоа што државата не ја препознава различноста, не турка во еднозначност и игра на картата на нашиот страв. Ја шараме затоа што сме сите различни и поинакви и со различно потекло и размислувања и јазици и вери и ... Ја шараме затоа што не сакаме да рушиме туку да се ослободиме од затворот во кој не беше ставила една политичка гарнитура.
И ете, доаѓа казна. За шарањето.
Не е проблемот да платам 50, 100, 200 евра.
Проблемот е многу суштински и страшен“- пишува професорката Мирјана Најчевска која беше дел од Шарената револуција а сега треба да плати казна токму за дејствата кои ги вршеше таа група на демонстранти.
Најчевска на Фејсбук пишува дека повторно ќе излезе на улица и дека м„ожеби идниот пат кога ќе излеземе на улица наместо да фрламе боја на институциите ќе биде подобро да истуриме кофи со лајна врз нив самите. Врз политичарите. Можеби тоа ќе го разберат. Можеби тоа е повеќе на нивото кое им е блиско и препознатливо“.
„Во Решението кое го добив стои дека комисијата мисли дека со оваа казна ќе се постигне целта. Која цел?
Да не се бунам против неправдата?
Да молчам пред самовластието?
Да замижувам пред прекршувањето на човековите права?
Па татко ми издржал три години на Голи Оток и не потклекнал.
Што мислите дека јас ќе се откажам од моите вредности и убедувања?
Јас повторно ќе излегувам на улица.
Тоа е сигурно.
Само размислувам дали фрлањето на кофи со лајна врз вас е доволно.“ - додава професорката.
