Најчевска: Не е државен удар објавувањето на Законот за јазици
-Не, не е државен удар формално објавување на Закон кој е легално донесен од страна на легално избраните пратеници во Собранието на државата-пишува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска.
Во статусот таа додава:
„Државен удар е непотпишувањето на овој закон од страна на претседателот на државата спротивно на Уставот. Не знам дали некој ви кажал, ама Собранието е претставничкиот дом на граѓаните и таму се одлучува, а претседателот е извршител.
Претседателот кој го крши уставот треба да биде тргнат од функцијата од страна на Уставниот суд. За жал ние немаме Уставен суд туку збирштина од луѓе облечени во наметки кои глумат уставен суд“-пишува Најчевска.
Неодамна таа пишуваше:
„Ова со јазициви најсериозно мислам дека е само фрлање на прашани во очите на луѓето.
Значи, ајде да видиме како новиот закон за јазиците ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните. Еве моиве Македонци цело време на македонски зборат на цела територија на Македонија и тоа не ги прави ни попаметни, ни помалку алчни ни помалку корумпирани. А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?“ ...на Фејсбук.
