Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Напад врз жена полицаец мора најстрого да се казни

Најчевска: Напад врз жена полицаец мора најстрого да се казни

Професорката и активистка за човекови права Мирјана Најчевска смета дека напад врз службено лице, особено ако е од женскиот пол мора строго да биде казнето и осудено, наместо да се бараат изговори и да се штитат луѓето кои мислат дека се над законот.

„Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија, и така воспоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин.

Замислете кое насилство е во состојба да го примени ова човече врз обичните граѓани и колку незаштитени се тие кога ни самата полиција не може да си се заштити.
И замислете каков е односот на ова човече кон жените и во каква положба се наоѓаат тие кога ни жена полицаец не е заштитена.

Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ, и посебно за сексуално обоено насилсво, и никој не се осмелува да им се спротистави. Сега знам и зошто. Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин“, порача Најчевска на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести