Најчевска: Можам да лажам подобро и од Ковачевски и од Заев и Грујо и Мицкоски и Апасиев - професорката вели промени се можни
Помал број министерства, помалку општини и помалку администрација, но и помалку пратеници... Професорката Мирјана Најчевска денеска се огласи на Фејсбук со објаснување дека може да лаже како и сите политичари и поранешни и сегашни премиери, дури и подобро од нив, но вели, промена која може да се направи е намалување на институциите и привилегиите на функционерите, но поголема здравствена заштита и поголема контрола...
- Ако е работата во тоа да се лаже, само кажете.
Можам јас да лажам подобро и од Ковачевски и од Заев и Грујо и Мицкоски и Апасиев.
Ќе ви раскажам за Силната Македонија и за моќните фаланги и за неоткриените руди и за печените кокошки што паѓаат од небо и за големата промена и за вработувањето на секој кој ќе гласа за мене и за бизнисмените од цел свет кои тропаат на врата да истурат пари во Македонија и за ...
Ако не сакате да ве лажам, можам да ви кажам за промената која може да се направи без сто стапа по грбот на граѓаните.
Може да има помал број министерства, помал број општини, помала администрација, помал број пратеници, помалку бенефиции за функционерите, помалку крадење, повеќе образование, повеќе здравствена заштита, поголема одговорност и поголема контрола.
Тоа можам да го ветам. И ништо друго - напиша Најчевска.
Слично
