Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Македонија е на погрешен колосек поради три фактори – Глигоров, Груевски и партиите на Албанците

Најчевска: Македонија е на погрешен колосек поради три фактори – Глигоров, Груевски и партиите на Албанците

Професорката Мирјана Најчевска во објава на социјалните мрежи оцени дека развојот на Македонија бил сериозно нарушен поради, како што наведува, три клучни фактори – првиот претседател Киро Глигоров, поранешниот премиер Никола Груевски и албанските политички партии.

Според Најчевска, секој од овие фактори оставил длабоки последици врз демократскиот развој на државата.

  • -Првиот клин беше опкружување со луѓе кои не ја разбираа граѓанската демократија и ја поставија Македонија врз темели на колективитети наместо на индивидуални права и слободи – наведува таа, осврнувајќи се на периодот на Глигоров.

Таа додава дека тогашната политика на чекање и, како што вели, непотизмот дополнително го ослабнале демократскиот капацитет на државата.

За периодот на владеење на Груевски, Најчевска оценува дека бил обележан со „груевизам како диктатура“.

  • -Вториот клин беше подигањето на религиозно-конзервативно-националистичкиот бран кој го стесни просторот за развој на демократските институции – пишува таа, додавајќи дека владеењето на правото било систематски уништувано.

Во однос на албанските политички партии, професорката посочува дека тие придонеле за продлабочување на етничките поделби.

  • Политичката сцена беше поделена по етничка линија, со што се оневозможи развојот на концептот за човекови права – наведува Најчевска.

Таа смета дека Македонија денес се соочува со последиците од овие процеси и повикува на систематски пристап за нивно надминување.

  • -Прв чекор е да ги идентификуваме, втор чекор е да утврдиме најдобар третман, а трет чекор е да почнеме со аплицирање на „лекарствата“ – порачува Најчевска.

Слично

Поврзани вести