НАЈЧЕВСКА: МАФИЈАТА НИ ВОДИ СО 10:0 - Професорката со критика за борбата против корупцијата
Професорката Мирјана Најчевска со своја реакција за казната за обвинителката Фатиме Фетаи, укажува оти наместо борба со корупцијата, владните функциониер всушност се борat со ониe кои го обелоденуваат криминалот.
- Од сите јавни обвинители кои со своето делување и неделување го поддржуваат и овозможуваат криминалот на високи функционери во власта најдоја да ја гонат Фатиме Фетаи?
Се ми се чини дека оваа власт наместо да и објави војна на корупцијата објави сезона на отстрел на секој кој не е дел од коруптивниот ланец, кој се спротиставува на корупцијата или на било каков начин може да ја загрози неказнивоста на високи функционери во власта.
Не се веќе виновни тие кои прават криминал туку тие кои се борат против криминалот или го обелоденуваат криминалот.
Мафијата ни води со 10:0. - напиша Најчевска на Фејсбук.
