НАЈЧЕВСКА КОНТРА МЕЏИТИ: „Дали знамето кое етничките Албанци го идентификуваат со својот етникум а кое е преземено од Римската империја треба да се промени?“
Откако Изет Меџити истакна дека ако грбот е комунистичка реликвија, тогаш и химната потекнува од комунистичкиот период, значи треба да ја прилагодиме химната на новата ера, се огласи професорката Мирјана Најчевска.
„Дали ова значи дека знамето кое етничките Албанци го идентификуваат со својот етникум а кое е остаток преземно од Римската империја треба да биде променето? Посебно што знамето има многу православна конотација и врска а денешните Албанци се пред се муслимани. Самото знаме внесува конфликт во нивниот етнички и верски идентитет.“, напиша таа.
Слично
