Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Казната што ми ја испратија е застарена, јас ја обжалив и ќе ја истерам правдата

Најчевска: Казната што ми ја испратија е застарена, јас ја обжалив и ќе ја истерам правдата

Мирјана Најчевска во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 изјави дека сите казни што прекршочната комисија на МВР ги испратила до членовите на „Шарената револуција“ се застарени од аспект на постапката и тие што ги испратиле направиле прекршување.

Експертот за човекови права пред нешто повеќе од еден месец објави дека и е стигната казна за фрлање боја над објекти во висина од 200 евра.

„Многу луѓе од Шеранета ревозлуција добиле казни, особено студентите кои подготвуваа одредени дејствија. Ги истопорија децава да плаќаат безмислени казни, а новата власт треба да донесе нешто поинакво од претходниот режим. Сакам да им помогнам и на другите со казните.Тоа може се структури кои не се сменети во МВР, или нови структури не би можела да кажам, но дефинитивно сакам да ја истерам правдата. Граѓанските активисти се контролен механизам против забегување на власта и не треба да бидат казнувани“, коментираше професорката.

И адвокатот Ѕвонко Давидовиќ искоментира дека можеби се работи за околу 5.000 такви решенија.

- Станува збор за прекршочни пријави за нешто што е застарено и многу чудно. Ако се амнестираат луѓе со многу тешки кривични делка, а овие треба да плаќаат казни, таа власт треба да очекува да биде критикувана, вели Давидовиќ.

По изрекувањето глоба од 200 евра од страна на МВР на професорката Мирјана Најчевска за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на шарената револуција, премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи тврди дека и тој добил слична казна и дека претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со цел да се зачува честа на граѓанскиот активизам. Тој вели дека казна за фрлање боја платил и тој.






Слично

Поврзани вести