Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Капитулација на Македонија не може да потпише никој

Најчевска: Капитулација на Македонија не може да потпише никој

Професорката Мирјана Најчевска се обидува да расветли дел од дилемите во јавноста по катаклизмичните најави на владејачката партија дека на Македонија и се заканува уништување.

1. Ниту Заев, ниту Али Ахмети ниту било кој партиски челник не може да донесат закон. Закони носат пратениците во Собранието на Република Македонија. Груевски е пратеник во Собранието на Република Македонија. Значи тој може да гласа за донесување или недонесување на закон во Собранието на Република Македонија.

2. Уставноста на законите ја цени Уставниот суд кој може да го поништи секој закон за кој ќе утврди дека е противуставен.

3. Закон за употреба на јазиците на малцинствата постои уште од 2008 година. Овој закон е подготвен тајно од страна на власта на ДПМНЕ/Груевски, донесен е без јавна расправа, донесен е спротивно на законите по скратена постапка, донесен е во доцните вечерни часови за никој да не знае и објавен е се разбира на македонски и на албански во двојазичниот Службен весник на Република Македонија.

4. Капитулација на Македонија не може да потпише никој. Тоа е забрането со Уставот на Република Македонија.

Напиша Најчевска на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести