Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска ја одби Владата за уставна дебата

Најчевска ја одби Владата за уставна дебата

Мирјана Најчевска ја одби поканата да дебатира за промената на уставните амандмани во македонската Влада.

Експертот за човекови права вели дека причина за тоа не е самата Влада, туку нејзината нетрпеливост кон професорот Владо Поповски, кој исто така е поканет на стартот од јавната расправа.

Таа вели дека не може да дебатира со професор „кој ги променил сите бои“ и кои секогаш, како што вели таа, е на страната на тој што е на власт.

„Компромисен. Неконфликтен. Човек кој ни во сон нема да се спротистави на ниту еден режим. И јас се заблагодарив и одбив: Почитувана, благодарам многу за поканата, меѓутоа јас одбивам да присуствувам на средби на кои главен говорник е Владо Поповски. Сметам дека Владо Поповски е дискредитиран како стручњак во повеќе наврати и дека има нанесено неверојатно голема штета во развојот на Македонија како правна и демокатска држава. Од тие причини, да одам на јавна расправа на која тој се појавува како посебен говорник за мене е не само понижувачко туку и невкусно“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Денеска ќе говорат премиерот Зоран Заев, а освен Поповски, ќе дискутира и Љубомир Фрчкоски. Третата фаза од сутавните измени за неколку дена ќе се пресели на пленарна седница во Собранието, каде што е потребно двотретинско мнозинство за кочена измена на Уставот во согласност со Преспанскиот договор.


Слично

Поврзани вести