Најчевска издвои министер на годината, не е ниту Димитров, ниту Османи
Професорката и експерт по човекови права Мирјана Најчевска ја издвои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како владин функционер на годината 2018, пренесува Civilmedia.mk..
„Тоа за мене е министерката Мила Царовска, којашто во едни многу проблематични услови, успеа да направи некаква промена, некаков исчекор во министерство коешто има неверојатно голема надлежност, министерство коешто до сега било зачмаено и коешто не само што не правело ништо добро за граѓаните, туку напротив, гледало на некаков начин да ги изигра, да ги измами и да ги поттурне граѓаните на страна“, вели Најчевска.
Таа додава дека Царовска во моментов е пример за министер којшто, како што вели, и во многу тешки услови и во многу тешка структура на едно министерство успеала да направи видливи промени.

