Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА ГО КРИТИКУВАШЕ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ГЛИГОРОВ: „Застана зад Бранко Црвенковски“

НАЈЧЕВСКА ГО КРИТИКУВАШЕ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ГЛИГОРОВ: „Застана зад Бранко Црвенковски“

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на Фејсбук изнесе низа критики за политиките на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, оценувајќи дека одредени негови одлуки оставиле долгорочни последици за државата.

Во објавата, Најчевска наведува дека една од најголемите грешки била стратегијата на чекање во клучен момент по независноста.

„Прво, тоа што ја примени стратегијата на чекање, тогаш кога требаше да биде искористен моментот. Со тоа овозможи Македонија денес да стане заложник на Бугарија“, пишува Најчевска.

Таа додава дека Глигоров застанал зад политиките на тогашниот премиер Бранко Црвенковски, кои, според неа, довеле до проблематична приватизација.

„Второ, застана зад Бранко Црвенковски и ја поддржа криминалната приватизација и разграбување на општото добро“, наведува професорката.

Во објавата се споменува и уставното уредување на државата, за кое Најчевска смета дека требало да биде поинакво.

„Трето, дозволи неговото пуленче Фрчковски да изработи Устав кој се базира на етницитетите, наместо граѓански устав во кој наместо колективитетите во средиште ќе биде поставена индивидуата“, пишува таа.

Како уште една спорна одлука, Најчевска го посочува и одбивањето да се промени името на државата во тој период.

„Четврто, со одбивањето да се промени името на државата дозволи да созреат националистичките сили и да добијат во сила на бранот на идејата за Александар Македонски како предок“, наведува професорката.

На крајот од објавата, Најчевска нагласува дека делата на државниците мора да се анализираат критички.

„За државниците не важи синтагмата ‘за покојниот се најдобро’. Актите на државниците се анализираат, посебно низ призмата на последиците од тие акти кои луѓето ги живеат“, напиша Најчевска.


Слично

Поврзани вести