Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска ги откри кандидатите за нов министер за култура, но вели дека не се соодветни

Најчевска ги откри кандидатите за нов министер за култура, но вели дека не се соодветни

Професорката Мирјана Најчевска во негативен контекст ги искоментира гласините со новите имиња кои се шпекулираат во јавноста како можни наследници да го предводат ресорот кој во моментов го раководи Асаф Адеми.

„Ако, Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам платен настап како балерина во Народниот театар. Јас секогаш ќе бидам подобра балерина отколку тие министри за култура (па и за било што ако веќе станува збор за квалитети, вештини, знаење и способност), напиша на својот Фејсбук профил активистката Мирјана Најчевска по информациите што протекоа во јавноста за тоа кои се потенцијалните кандидати за нов министер за култура“, напиша Најчевска на својот профил.

Министерството со промената на власта никако не може да пронајде стабилен профил кој ќе управува со министерството за култура, откако Роберт Алаѓозовски си поднесе оставка за на негово место да дојде Адеми од крилото на Беса кое стана владин коалиционен партнер, но и тој трпи постојани критики во јавноста.

Аднан Џаферовски е актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Ласкова е советник за култура на премиерот Зоран Заев, додека Адеми е министер за дијаспора.

Слично

Поврзани вести