Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

Професорката Мирјана Најчевска, денеска во свој стил со остри критики кон Европската унија и кон нејзините „двојни стандарди“. 

- ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци кои излегоа со јасни територијални аспирации кон Македонија ниту од неспроведувањето на пресудите на ЕКЧП од страна на Бугарија.

Не ги возбуди премногу ни фактот дека Грција ја прекршува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства - напиша Најчевска на Фејсбук.

Меѓу другото таа истакнува дека немало загриженост ниту поради „лапсусите и грешките кои намерно или ненамерно ги правеа европските државници во употребата на името на државата (сега и во периодот кога не нарекуваа ФИРОМ наместо да го употребат целиот назив под кој бевме примени во ООН)“. 

- Не се сеќавам ни дека Американците покажаа голема загрижа заради ова.

Ама кога Гордана при давање свечена заклетва (уште нестаната претседателка) не го употреби официјалното име на државата не пропуштија да излезат со изрази на длабока загриженост па дури и тивки закани.

Никогаш не сум сакала двојни стандарди.

Посебно кога станува збор за правото.

Ваквото однесување на ЕУ може само да ги подгрее негативните сили кои Македонија ја влечат во ќорсокак, надвор од генералната ориентација кон ЕУ и ЕУ вредносниот систем - нагласува Најчевска. 



Слично

Поврзани вести