Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Единствена причина заради која се прави ваков упад е зштита на криминални дејствија направени од функционери во власта

Најчевска: Единствена причина заради која се прави ваков упад е зштита на криминални дејствија направени од функционери во власта

Последните измени на кривичниот закон кои беа протнати во Собрание со европско знаменце и изгласани, однсоно донесени по експресна постапка, без било какви опструкции на опозицијата, која во други ситуации знаела да се спротистави со илјадници амандамни и понатаму е главна тема меѓу луѓето. 

Дека најавите и плановите не одговараат со она што во претходните години го зборуваа владини претставници, но и дека измените не соодествуваат со европските прописи и законодавска, како што сакаат да ни укажат владините претставници, низ факти, со линкови и потсетување за претходните изјави со свој пост професорката Мирјана Најчевска уште еднаш укажа дека оваа измена е само на штата на нашата држава. 

- Во тек е донесување на нов Кривичен законик.

Текстот на новиот закон е подготвен во соработка со надворешни експерти и во себе ги содржи ЕУ стандардите.

Ова ни го соопшти маричиќ како министер за правда во 2021 година: https://akademik.mk/marichik-vo-podgotovka-e-nov.../

Ова ни го соопшти Тупанчевски како министер за правда во 2023 година: https://telma.com.mk/.../po-rechisi-tri-decenii-e.../

Во тек е јавна расправа.

Владата преку ноќ предлага и Собранието донесува набрзина без никаква расправа промена на неколку членови од постоечкиот Кривичен законик.

Единствена причина заради која се прави ваков упад е зштита на криминални дејствија направени од страна на функционери во власта.

Секој кој се обидува да го одбрани ова е едноставно соучесник во криминалот - потенцира Најчевска во својот последен пост на „Фејсбук“. 


Слично

Поврзани вести