Најчевска: ДУИ не е политичка партија туку е мафијашка организација
Професорката Мирјана Најчевска повторно упати критики до политичката партија ДУИ.
Таа на својот Фејсбук профил пишува дека ДУИ не е политичка партија туку е мафијашка организација која функционира по принципите на мафијата: закани, рекет, насилство, поткуп, корупција, измама.
„СДСМ и ВМРО се политички партии во зародиш кои можеби ќе се развијат во политички партии меѓутоа многу поверојатно немаат доволно соодветна содржина да го направат тој исчекор. Во Македонија нема Собрание, нема уставен суд, нема јавно обвинителство, нема контролни механизми на власта и нема свест кај граѓаните да го побараат нивното формирање. Во ваква ситуација најдобро решение за државата е да се врати неколку чекори назад, да формира експертска Влада, мало Собрание од најмногу 70 луѓе избрани од отворени листи и да проба да ги постави темелите на демократската држава во која владее правото. Сѐ друго нѐ води во мачкање фасада на плитар“, пишува Најчевска.

Таа деновиве праша зошто мора да биде приоритетна пругата до Драч и нагласи дека ако сакаме дам одиме во ЕУ, тогаш поважно би било да се поврземе со европските земји.
