Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЧЕВСКА ДО МАРИЧИЌ: Не бре дете, не е добро што доаѓа европска мисија да врши мониторинг врз судскиот совет

НАЈЧЕВСКА ДО МАРИЧИЌ: Не бре дете, не е добро што доаѓа европска мисија да врши мониторинг врз судскиот совет

Професорката Мирјана Најчевска вечерва со пост на својот Фејсбук профил се осврна на изјавата на министерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека е добро што доаѓа европската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на оваа Судскиот совет оти имиџот на оваа институција е слика за целото правосудство.

На ова Најчевска му укажа дека напротив, не само што не е добро, туку и лошо зборува за нас, и нашето судство. 

- Не бре дете, не е добро што доаѓа европската мисија да врши мониторинг врз судскиот совет.
Тоа значи дека сме недоветни, неспособни, шутрачиња кои некој треба да ги мава по уши за да не си ги јадат мрсулите - напиша Најчевска на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести