Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска до Лукаревска: Дај бре олабавете ги малку луѓето и така имаме најнизок животен век

Најчевска до Лукаревска: Дај бре олабавете ги малку луѓето и така имаме најнизок животен век

Најновите правила и прописи кои ќе ги наметне УЈП а кои ќе се однесуваат и на пензионерите предизвика низа реакции во јавноста.

Една од најгласните критичарки во јавноста професорката Миријана Најчевска на социјалните мрежи го критикува новиот систем на УЈП кој ќе ги седне пред комјутер и пензионерите.

„Дете, не се работи за тоа дали ќе бидат или нема да бидат казнети пензионерите за нерегистрирање во системот туку за тоа да се направи реформа по мерка на граѓаните, а не по мерка на државата. Пензионерите добиваат пензија преку државна институција. Значи една државна институција треба да си ги земе податоците од друга државна и ституција.
Администрацијата добива плата преку државна институција. Значи една државна институција да ги земе податоците од друга.
Правните лица исплатуваат плати.
Значиправното лице да достави податоци.
Дај бре олабавете ги малку луѓето и така имаме најнизок животен век“-пишува Најчевска на Фејсбук.

Таа претходно пишуива дека последната одлука на УјП за начинот на пријавување данок е дискриминирачка. 

„Да имавме Уставен суд и Комисија за заштита од дискриминација и Народен правобранител тие ќе поведеа соодветна постапја.
За жал немаме“, пишува Најчевска на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести